Корисничко име Лозинка Пријави се
12.6.2012

Шалке го сака Ван дер Варт

Хуб Стевенс, тренерот на Шалке, потврди дека неговиот клуб е заинтересиран за услугите на холандскиот репрезентативен играч за врска Рафаел ван дер Варт и дека ќе се обиде во овој летен преоден рок да го доведе во своите редови.

Роберт Гирлингс, менаџерот на Холанѓанецот, и порано говореше дека Шалке се интересира за неговиот клиент, но и дека и Тотенхем не сака толку лесно да се откаже и дека ќе се обиде по секоја цена да го задржи.
Ван дер Варт вели дека е среќен во Лондон, но признава дека сака во својата кариера да се обиде и во италијанскиот фудбал.
„Неговите квалитети се неоспорни. Би сакал повторно да работам со него. Имавме неколку контакти со неговиот менаџер. Секој ден се слушам со генералниот менаџер Хорст Хелт во врска со плановите на клубот. Има шпекулации дека Рафаел би сакал да се врати во Германија, но јас тоа сè уште не сум го чул од него. Не сум разговарал со него, за тоа ќе мораме да почекаме да заврши Европското првенство“, рече Стевенс за германските медиуми.

Најнови вести