Корисничко име Лозинка Пријави се
28.6.2012

Кевин Гамеиро од ПСЖ кон Валенсија

Кевин Гамеиро, фудбалерот на ПСЖ, незадоволен од минутажата во последната сезона побара заминување од клубот, а Валенсија од Шпанија го гледа како идеално решение во нападот.

Според Радио Монте Карло, Гамеиро е на прагот да премине во Валенсија и веќе ги усогласил личните услови за трансфер во новиот клуб. Напаѓачот на ПСЖ, кој на „Паркот на принцовите“ дојде минатото лето од Лориен, каде што во 108 настапи постигна 50 погодоци, незадоволен е со статусот во екипата, како и од најавите на тренерот Карло Анчелоти за доведување нови напаѓачи.
Валенсија и минатото лето покажуваше интерес за 25-годишниот Гамеиро, кој има и девет настапи за француската репрезентација, но не беше меѓу „триколорите“ на Евро 2012.
Маурисио Пелегрино, новиот тренер на „лилјаците“, инсистира на доведување на Французинот, особено откако клубот од „Месталја“ му го продаде на Атлетико напаѓачот Адурис.

Најнови вести