Корисничко име Лозинка Пријави се
16.7.2012

Пато во прашање за настап на Олимписките игри

Алешандре Пато, напаѓачот на Милан и на бразилската репрезентација, се повреди за време на тренингот, па поради тоа би можело да го пропушти првиот натпревар на олимпискиот турнир против Египет, кој на распоредот е на 26-ти јули.

Пато се повреди во судир со Хуан, одбранбениот играч на Интер, и лекарскиот тим на бразилската репрезентација ќе се обиде да го спреми за да може да одигра барем дел од натпреварот на олимпискиот турнир.

Пато беше стрелец во пријателскиот натпревар против Соединетите Американски Држави минатиот месец, а последниот пријателски натпревар пред настапот во Лондон репрезентацијата на Бразил ќе го одигра против Велика Британија на 20-ти јули.

Најнови вести