Корисничко име Лозинка Пријави се
19.7.2012

Надал нема да игра на Олимписките игри!

Третиот тенисер на светот, Рафаел Надал, се откажа од учеството на Олимписките игри во Лондон.

Шпанскиот бајрактар не е закрепнат од повредата на коленото и одлучи да се повлече. „Денес е еден од најтажните денови во мојата кариера. Сакав и сонував дека ќе го носам шпанското знаме на Олимписките игри во Лондон. Можете само да замислите колку ми беше тешко да ја донесам оваа одлука“, рече Надал.
 Надал во 2008 година на Олимписките игри во Пекинг освои злато за Шпанија. Да потсетиме, тенисерот од Мајорка се откажа и од ревијалниот дуел против Новак Ѓоковиќ, кој требаше да се одржи на стадионот на Реал Мадрид, причина за тоа исто така беше проблемот со коленото.

Најнови вести