Корисничко име Лозинка Пријави се
13.8.2012

Америка го одбрани златото од Пекинг

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави остана златна на Олимписките игри откако по втор пат за четири години ја победи Шпанија во финалето, овој пат со 107-100.

Шпанците беа достоен противник на американскиот „дрим тим“ во финалето кое многу наликуваше на тоа од Пекинг пред четири години. Американците во првата четвртина направија предност од осум кошеви, но Шпанците се вратија во втората и во третата четвртина. На седум минути до крајот САД имаше предност од само четири поени, но Шпанците направија неколку грешки и не успеаја да го израмнат резултатот, а Американците го казнија тоа и рутински го завршија мечот.
Најефикасен кошаркар во финалето беше Кевин Дурант, а во финишот одличен беше Леброн Џејмс кој во самиот финиш постигна многу важни поени кои ги откажаа Шпанците. Во шпанскиот тим најефикасен беше Пау Гасол со 24 поени, 8 скокови и 7 асистенции, а одличен беше и Наваро со 21 кош и Марк Гасол со 17 поени.
Во мечот за третото место Русија ја победи Аргентина со 81:77 во еден неизвесен натпревар и се закити со олимписката бронза.

Најнови вести