Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2012

Гивен се збогува со репрезентацијата

Голманот Шеј Гивен се повлече од репрезентацијата на Ирска по повеќе од 16 години и рекордни 125 натпревари во националниот дрес.

Искусниот 36-годишен голман на Астон вила за Ирска дебитираше во 1996 година против Русија, а беше член на тимот кој на овогодишното Европско првенство во Полска и Украина забележа три порази.
Ирскиот селектор Џовани Трапатони го изостави Гивен од составот кој во Белград ќе игра пријателски натпревар со Србија бидејќи реши да ја подмлади екипата.
„Ова за мене беше многу тешка одлука. На својата земја ѝ посветив 16 години од животот и се сродив со тимот што го води Трапатони. Сакам да му се заблагодарам на Џовани, на неговиот помошник Марко Тардели и на голманскиот тренер Ален Кели за поддршката за време на мојот престој во екипата. Јас и понатаму ќе бидам најголем навивач на Ирска и на момците им посакувам многу успех во натпреварувањата“, рече Шеј Гивен.
Гивен почна во Селтик, а во кариерата бранеше за Блекбурн, Свиндон, Сандерленд, Њукасл, Манчестер сити и Астон вила.

Најнови вести