Корисничко име Лозинка Пријави се
23.8.2012

Карвалјо и Досон на прагот на Квинс парк ренџерс

По тешкиот пораз од Свонси (5-0) на стартот од Премиер лигата, челниците на Квинс парк ренџерс сфатија дека итно им треба засилување во одбраната. Според „БиБиСи“, со Реал Мадрид се договориле за заем на Рикардо Карвалјо.

Португалецот треба да ги договори уште личните услови, а разговорите би требало да се одржат во следните 48 часа. За 34-годишниот Карвалјо веќе нема место во екипата на Жозе Мурињо, дури не ни тренира со првиот состав, така што доби одврзани раце за заминување. Лондон и Премиер лигата нема да му бидат туѓи бидејќи шест години играше за Челзи.
„БиБиСи“, исто така, известува дека на „Лофтус роуд“ постигнале договор со Тотенхем околу Мајкл Досон, за кого Квинс парк ренџерс би платил оштета околу 7,5 милиони фунти. Иако ниту еден од споменатите трансфери сè уште не е потврден, Марк Хјуз, менаџерот на Квинс парк, се надева дека двајцата играчи ќе ги имаат на располагање веќе за саботниот дуел против Норвич.

Најнови вести