01.11.2012 Мекарти го презема Ипсвич
Англискиот фудбалски второлигаш Ипсвич објави дека на местото менаџер на екипата го ангажира 53-годишниот Мик Мекарти.
Моментно последнопласираниот клуб во англиската Шампионат лига е во потрага за нов тренер од откажувањето на соработката на Пол Џувел во октомври, а сега се одлучи за ангажман на поранешниот ирски селектор.
Мекарти е без работа откако во февруари го напушти клубот Вулверхемптон, а со Ипсвич потпиша договор до 2015 година.
Ирската репрезентација Мекарти ја водеше меѓу 1996 и 2002 година. Покрај тоа, ги има тренирано и Милвол и Сандерленд. Екипата на Ипсвич ја презеде во моментот кога на контото има само седум бодови во 13 одиграни натпревари.
Последните денови во англиските медиуми се споменуваше дека управата на Ипсвич преговарала со легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер, но можната соработка пропадна.