Корисничко име Лозинка Пријави се
01.8.2013

Дајер ја заврши кариерата

Кирон Дајер, поранешниот репрезентативец на Англија, соопшти дека ја завршува кариерата.

„Готово е, ја завршив кариерата. Не сакам веќе да се селам, сакам да го поминувам времето со своите деца“, изјави Дајер за британските медиуми.
„Откако го напуштив Њукасл, играв низ целата земја и не поминував доволно време со семејството. Мислам дека сега е вистинско време за тоа“, додаде 34-годишниот Дајер.
Дајер, кој неславно се истакна тепајќи се со Ли Бојер на теренот додека играше за Њукасл во Април 2005, според британските медиуми сега планира да се проба во улога на тренер.
Кариерата ја почна во Ипсвич 1996 година, а три години подоцна отиде во Њукасл, за кого одигра 250 натпревари и постигна 36 голови.
Тој потоа се мачеше со повредите и не успеа да оствари забележителни настапи за Вест хем, Квинс парк ренџерс и Мидлсборо.
Дајер кариерата ја заврши во Мидлсборо, минатата сезона одигра девет натпревари и постигна два погодоци.
За репрезентацијата на Англија одигра 33 натпревари.


Најнови вести