Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2012

Макси Лопес на операција на менискусот

Аргентинецот Макси Лопес, еден од најдобрите играчи на Сампдорија, поради повреда ќе пропушти неколку наредни натпревари, објави италијанскиот прволигаш.

Дваесет и осумгодишниот Лопес, кој во Сампдорија игра на заем од Катанија, го повреди менискусот на левата нога и му претстои операција. Тој за интернет-страницата на клубот изјави дека на теренот ќе се врати посилен од кога било.
Повратникот во Серија А, екипата на Сампдорија, бележи слаби резултати во продолжението на сезоната. Клубот од Џенова изгуби шест натпревари по ред и по 11 одиграни кола, го зазема 15-тото место на табелата со десет бодови, два повеќе од клубовите од зоната за испаѓање.
Сампдорија наредниот натпревар го игра во недела во 12.30 часот, кога гостува кај претпоследниот тим на табелата - Палермо.
Иако фудбалските стручњаци му предвидуваа голема кариера, Макси во текот на 11 години играше за Ривер плате, Барселона, Мајорка, Москва, Гремио, Катанија и Милан, сè уште не успеа да ја најде својата вистинска форма.

Најнови вести