Корисничко име Лозинка Пријави се
19.11.2012

Евертон два месеци без капитенот Невил

Дејвид Мојс, менаџерот на фудбалерите на Евертон, потврди дека на капитенот на екипата, 35-годишниот Фил Невил, во петокот му беше извршен оперативен зафат на коленото.

„На Невил во петокот му беше извршена операција на коленото и поради тоа ќе биде надвор од теренот шест до осум седмици“, изјави Мојс по поразот од 2-1 на гостувањето кај Ридинг во 12-тото премиерлигашко коло.
Евертон без искусниот стопер ќе биде во цела низа клучни лигашки средби пред Божиќ, како и во оние против Арсенал и Манчестер сити.
Во овој момент Евертон е пласиран на петтото место на првенствената табела, а Невил до натпреварот со Ридинг настапи на сите 11 премиерлигашки натпревари.

Најнови вести