Корисничко име Лозинка Пријави се
17.12.2012

Лусио го раскина договорот со Јувентус

Лусио, 34-годишниот бразилски одбранбен фудбалер, веќе не е член на Јувентус. Веста за раскинувањето на договорот само по пет месеци соработка е објавена на официјалната интернет-страница на клубот од Торино.

„Авантурата на Лусио во Јувентус е завршена. Јувентус и бразилскиот одбранбен играч постигнаа согласност за раскинување на договорот“, стои во соопштението на италијанскиот шампион.
Во Јувентус, во чии редови дојде летоска од Интер од Милано, Лусио имаше само четири настапи, од кои еден во Серија А, два во Лигата на шампионите и еден во Суперкупот на Италија.
Лусио најдолго во кариерата се задржа во Баерн Минхен, со кого во периодот од 2004 до 2009 година освои три германски шампионски титули и три титули на Германскиот куп. Беше член на Интер во времето на Жозе Мурињо, кој во 2010 година ја освои тројната круна, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите, додека во 2002 година со бразилската репрезентација ја освои титулата на Светското првенство.
Каде ќе продолжи, засега не е познато, иако Волфсбург е најголем фаворит за негово доведување.

Најнови вести