Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2013

Француската колонија во Њукасл се зголеми за напаѓачот на Бордо

Досегашниот напаѓач на Бордо, Јоан Гуфран кариерата ќе ја продолжи во Њукасл, соопшти англискиот премиерлигаш.

Гуфран сезонава на 25 натпревари во дресот на „жирондинците“ постигна 12 гола, а на „Сент Џејмс парк“ доаѓа како замена за Сенегалецот Демба Ба, кој на почетокот на јануари замина во Челзи.
Њукасл веќе ги претстави Масадио Хајдара и Мапу Јанга-Мбива, а локалните англиски медиуми шпекулираат дека би можел да дојде уште еден Французин, Муса Сисоко од Тулуз.
Доколку и тој потпише, бројот на француски фудбалери во Њукасл би можело да се зголеми на девет, затоа што во клубот веќе се: Јохан Кабаје, Хатем Бен Арфа, Силвен Марво, Матје Дебуши и Ромен Амалфитано.
Њукасл во моментов е на 16 место на табелата во Премиер лигата, со два бода повеќе од тимовите кои се во зоната за испаѓање, што е разочарувачки пласман по одличното петто место минатата сезона.

Најнови вести