Корисничко име Лозинка Пријави се
12.4.2013

Повредени Тулалан и Баптиста

Жереми Тулалан, играчот на Малага, ќе отсуствува од теренот на неодредено време бидејќи го скрши палецот на десната нога, соопшти неговиот клуб.

Шпанскиот клуб соопшти дека Тулалан се повреди на реванш-натпреварот од Лигата на шампионите со Борусија од Дортмунд, а во соопштението се додава дека францускиот играч за врска ќе отсуствува на следните неколку натпревари.
Покрај повредениот Тулалан, во конкуренција за тимот во наредниот период нема да биде ниту Жулио Баптиста, кој има шинат глужд и контузија на лумбалниот дел.
Малага утревечер во шпанската Примера лига ја дочекува Осасуна во натпревар од 31-то коло.

Најнови вести