Корисничко име Лозинка Пријави се
18.5.2013

Манчини со оглас се прости од навивачите на Сити

Италијанскиот стручњак Роберто Манчини на необичен начин се реши да се прости од навивачите на Манчестер сити, клубот од кој доби отказ на почетокот на неделава.

Манчини беше сменет по поразот во финалето на ФА Купот од Виган, а откако не успеа на натпреварот да се прости од навивачите, 48-годишниот тренер тоа го направи преку платен оглас во локалниот дневен весник. Манчини закупил цела страна на која стои негова фотографија. Во позадината е слика од навивачите, а во прв план трите трофеи кои ги освои - Премиер лига, ФА Куп и Комјунити шилд.
„Навивачи на Манчестер сити. Три незаборавни години. Засекогаш ќе бидете во моето срце. Збогум. Роберто Манчини“, стои во пораката на италијанскиот тренер.

Најнови вести