Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2013

Антон Фердинанд кариерата ќе ја продолжи во Анталијаспор

Антон Фердинанд, 28-годишниот англиски фудбалер и помлад брат на одбранбениот играч на Манчестер јунајтед, Рио, кариерата ќе ја продолжи во турскиот прволигаш Анталијаспор.

Од претходно е познато дека на крајот на сезоната Антон Фердинанд ја заврши својата епизода во Квинс парк ренџерс, денес англиски второлигаш, па како слободен играч бараше каде ќе ја продолжи кариерата. Како нов предизвик го избра турскиот Анталијаспор, а со клубот потпиша тригодишен договор.
Фердинанд во Квинс парк ренџерс дојде од Сандерленд во 2011 година и за таа екипа одигра 49 натпревари. Вториот дел од минатата сезона го помина на заем во турскиот Бурсаспор, па може да се каже дека е навикнат на условите во турскиот фудбал.

Најнови вести