Корисничко име Лозинка Пријави се
30.6.2015

Роналдињо заедно со Ето во Анталијаспор!

Легендата на светскито фудбал, Роналдињо, наскоро ќе ја засили Анталијаспор, изјави претседателот на новиот турски прволигаш.

Поранешниот фудбалер на Барселона и на ПСЖ неодамна соопшти дека го напушта мексиканскиот Керетаро, а во Турција повторно ќе игра со Самуел Ето, првото звучно засилување кое стигна во Анталија.
„Постигнавме договор со Роналдињо, треба во рок од два дена да ја официјализираме соработката. Освен Роналдињо и Ето, очекуваме уште едно големо име во нашиот клуб. Кога сè ќе биде готово, ќе го запалиме светот“, изјави претседателот на клубот, Гултекин Генчер.
Бразилскиот фудбалер ја потврди приказната на социјалните мрежи:
„Здраво на сите, ќе бидам наскоро во Турција со вас“, порача Роналдињо.

Најнови вести