Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2014

Роналдињо потпиша за Керетаро

Легендарниот бразилски фудбалер, Роналдињо, потпишал двегодишен договор со мексиканскиот Керетаро, објави сопственикот на клубот, Олегарио Васкес.

Роналдињо од јули, кога му заврши договорот со Атлетико Минеиро, беше во потрага по нов клуб, а преговарал и со Палмеирас и со индискиот клуб Ченај Титанс.
Бразилецот претходно навести дека би можел да заигра за некој клуб во американската МЛС лига во 2015 година.
Роналдињо врвот на клупската кариера го достигна во Барселона за која 2003 до 2008 година играше на 145 натпревари, постигна 70 голови и ја освои шампионската титула на Европа.
Во текот на кариерата настапуваше уште и за ПСЖ, Милан и Фламенго.
Со бразилската репрезентација во 2002 година стана светски шампион кога во напаѓачкото трио со него беа и Роналдо и Ривалдо.

Најнови вести