Корисничко име Лозинка Пријави се
08.9.2011

Роналдињо: Сонувам да играм на Олимписките игри

Откако го предводеше Бразил до бронзата на Олимписките игри во Пекинг пред три години, Роналдињо повторно би сакал да ги искуси нив во Лондон следното лето.

По девет месеци пауза, напаѓачот на Фламенго доби повик и настапи за репрезентацијата на Бразил, во понеделникот во Лондон, против селекцијата на Гана. Сега, кога повторно успеа да го врати статусот на репрезентативец, тој не сака да ја прокоцка оваа шанса.

„Со овие фудбалери речиси никогаш да не сум играл, бидејќи повеќето се млади и нови во репрезентацијата. Се чувствувам добро. Среќен сум што се вратив и бев дел од победата“, рече Роналдињо и додаде:

„Сега мора да се посветам на напорна работа во клубот. Олимписките игри и Светското првенство 2014 година полека се наближуваат. Целта во кариерата ми е да играм на нив“.

Најнови вести