Корисничко име Лозинка Пријави се
27.6.2018

Крстајиќ: На секој Мундијал има изненадувања

Селекторот на српската репрезентација Младен Крстајиќ изјави дека неговиот состав го почитува Бразил како фудбалска велесила, но нема да се предаде и ќе го даде својот максимум да победи и да се пласира во осминафиналето.

„Ги почитуваме како фудбалска велесила, но и ние сакаме да покажеме карактер. Едвај чекаме да почне натпреварот. Едноставно, играме против големиот Бразил. Нема да се предадеме, ќе го дадеме својот максимум и ќе видиме на крајот каков ќе биде резултатот. Сигурно ќе биде возбудливо“, изјави Крстајиќ на прес конференцијата во Москва.
„Не треба да се трошат зборови за Бразил. Имаат свој начин на кој се подготвуваат. Релаксирани се пред секој натпревар, без оглед на императивот“, додаде Крстајиќ.
„Бразил има 23 квалитетни фудбалери и сеедно е кој ќе настапи. Но, секогаш на Светските првенства имало изненадувања, очекуваме така да биде и на ова“, заврши Крстајиќ.

Најнови вести