Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2018

Тите: Против Мексико да одиграме како против Србија

Селекторот на Бразил потврди дека Марсело нема да биде во првиот тим на натпреварот против Мексико во осминафиналето на Светското првенство.

Наместо играчот на Реал Мадрид во стартните 11 ќе биде Филипе Луис и тоа е единствената измена во тимот од натпреварот со Србија во последното коло од групната фаза.
Сепак, Тите најави дека Марсело сепак би можело да влезе во игра во некој момент.
„Во нормални услови природно е играчите да се натпреваруваат за место во првиот тим. Марсело тренираше, сака и да игра, но се покажа дека може да издржи 45 до 60 минути. На крајот го прашав дали можам да сметам на него, а тој кажа дека можам“, изјави Тите.
Селекторот на петкратниот светски шампион се надева дека неговиот тим ќе ги повтори сите добри работи од натпреварот со Србија.
„Се надевам дека тимот ќе биде на нивото на кое беше на последните два натпревари. Сакаме да го повториме физичкиот, тактичкиот, техничкиот и емотивниот дел од последниот натпревар“, додаде Тите.
Натпреварот е на програмата дене во 16 часот.

Најнови вести