Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2013

Серхио Ромеро е ново засилување на Монако

Трансферот кој со денови беше најавуван, доби официјална потврда викендов. Серхио Ромеро, 26-годишниот аргентинскиот голман и досегашен член на Сампдорија, официјално е ново засилување на Монако.

Ромеро во еден од фаворитите за шампионската титула на француското првенство дојде на заем до крајот на сезоната, со тоа што Монако ако има желба, ќе има шанса да го откупи неговиот договор.
Овој трансфер дефинитивно ќе донесе конкуренција кај хрватскиот репрезентативен голман Даниел Субашиќ, бидејќи Ромеро ќе му биде и тоа како жесток соперник за место меѓу стативите на Монако.
Ромеро од 2009 година настапи на 39 натпревари за репрезентацијата на Аргентина, а пред Сампдорија беше во АЗ Алкмар.
Субашиќ го одработи натпреварот од првото коло на новата сезона во францускиот шампионат, кога неговиот клуб славеше со 2-0 кај Бордо, а бранеше и во второто коло кога прими еден гол против Монпелје.

Најнови вести