Корисничко име Лозинка Пријави се
28.7.2018

Головин го одби Челзи и потпиша петгодишен договор со Монако

Александар Головин, досегашниот фудбалер на ЦСКА од Москва, потпиша петгодишен договор со Монако.

Како што пренесоа британските медиуми, за Головин беше заинтересиран и Челзи, но рускиот репрезентативец сепак потпишал за Монако, на две седмици пред почетокот на француското првенство.
„Ова е нова авантура за мене“, изјави 22-годишниот Головин.
Тој беше еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Русија на Светското првенство, која стигна до четврт-финалето. Почна четири натпревари и постигна еден гол.
Вадим Василјев, потпретседателот на Монако, изјави дека многу европски клубови биле заинтересирани за Головин.
„Александар го избра спортскиот проект на Монако, кој ќе му понуди најдобри услови за напредување“, изјави Василјев.
Финансиските детали на договорот не се наведени.

 

Најнови вести