Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2018

Витесе го доведе трофејниот тренер на ЦСКА

Леонид Слуцки, некогашниот селектор на репрезентацијата на Русија, е нов тренер на холандскиот Витесе, со кого потпиша договор на две години.

Слуцки, кој во текот на седумгодишниот престој во ЦСКА освои три шампионски титули на Русија, беше без ангажман од декември минатата година, кога само по шест месеци го напушти Хал, а на клупата на Витесе ќе го наследи холандскиот тренер Хенк Фразер.
Слуцки во кариерата ги тренираше Олимпија Волгоград, Москва и Крилја Совјетов, а ја водеше и руската репрезентација на Европското првенство во Франција 2016 година, по кое поднесе оставка бидејќи заврши како последен во групата.

Најнови вести