Корисничко име Лозинка Пријави се
02.9.2013

Герет Бејл стана најскап фудбалер во историјата!

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид соопшти дека Герет Бејл, досегашниот играч на Тотенхем, направи трансфер во тој клуб.

Реал со трансферот од 85 милиони фунти (100 милиони евра) го собори сопствениот рекорд, кој го постави со купувањето на Кристијано Роналдо од Манчестер јунајтед, за кого плати пет милиони британски фунти помалку.
„Имав неверојатни шест години во Тотенхем, полни со емоции и незаборавни спомени, но сега е вистинско време за разделба. Ми следува возбудливо поглавје на животот, во кое ќе играм фудбал за Реал Мадрид“, изјави Бејл.
„Герет Бејл е нов играч на Реал. Во клубот донесовме еден од најдобрите играчи на светот“, стои во соопштението на интернет-страницата на клубот.
Велшанецот ќе потпише шестгодишен договор, според кој ќе заработува 360 илјади евра седмично, односно околу 15,6 милиони годишно.
Бејл според годишната заработка се наоѓа веднаш зад Лионел Меси, кој по преминувањето на Самуел Ето од Анжи во Челзи и драстично намалените примањата, стана најплатен играч на светот со 16 милиони евра, а Камерунецот во Махачкала имаше 20 милиони годишно.
Андре Вилаш-Боаш, тренерот на Тотенхем, најавувајќи го заминувањето на Бејл, рече дека тој е одличен фудбалер и дека му посакува сè најдобро.
Досегашен рекордер беше Кристијано Роналдо, за кого Реал во 2009 година на Манчестер јунајтед му плати 80 милиони фунти, во тој момент 96 милиони евра. По денешниот курс 100 милиони евра се околу 86 милиони фунти.
Кралскиот клуб во преодниот рок, кој завршува вечерва на полноќ, потроши вкупно 172 милиони евра на вкупно пет засилувања.

Најнови вести