Корисничко име Лозинка Пријави се
10.9.2013

Надал пресилен за Ѓоковиќ, повторно владетел на Њујорк

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои Отвореното првенство на САД со победата во фантастичен меч над првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ.

Надал до триумфот дојде со 6:2, 3:6, 6:4, 6:1, по три часа и 19 минути игра, и со тоа ја освои втората титула во Њујорк, а 13-та на Гренд слем турнирите.
Со овој дуел ривалството меѓу Надал и Ѓоковиќ стана најголемо во историјата на Отвореното првенство, бидејќи тоа им беше 37-ма средба, а Шпанецот дојде до 22-от триумф.
Ѓоковиќ и Надал одиграа одличен меч во финалето на Отвореното првенство на САД. Љубителите на тенисот уживаа во одличните удари и неверојатните размени, а иако Новак одигра добро, Шпанецот одигра многу подобро. Во моментите кога беше најважно, Надал одигра поконцентрирано, додека Новак грешеше, па на крајот Шпанецот заслужено славеше. Мечот речиси сигурно го одлучи детаљ од деветтиот гем на третиот сет, кога Новак имаше 40:0 на сервисот на Надал, но Шпанецот се одбрани и оттогаш на Ѓоковиќ му препушти само еден гем до крајот.

Најнови вести