Корисничко име Лозинка Пријави се
10.3.2014

Пелегрини: Не смеевме да си дозволиме ваков пораз

Мануел Пелегрини, менаџерот на Манчестер сити, изјави дека неговата екипа никако не смеела да си дозволи на домашен терен да изгуби од второлигашот Виган во четврт-финалето на ФА купот.

„Клуб каков што е Сити не смее да си дозволи ваква елиминација, а на крајот уште имавме три, четири одлични шанси да стигнеме до изедначување. Ние игравме лошо и во одбраната и во нападот“, изјави Пелегрини за клупската интернет-страница.
Сити изгуби со 2-1 од Виган, тимот кој и минатата сезона му нанесе пораз во финалето на ФА купот.
Во англиското првенство Сити заостанува со девет бодови зад водечкиот Челзи, но „граѓаните“ имаат и три натпревари помалку.
„Ова е завршница на сезоната и важно е екипата да покаже реакција по поразот. Сега нè чека и реванш со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите, ќе биде тешко, но ќе се обидеме да изненадиме. Потоа мора да се сконцентрираме повторно да бидеме лидери во Премиер лигата“, додаде Пелегрини.
Екипата на Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите изгуби дома од Барселона со 2-0, а реванш-средбата се игра на 12-ти март на „Камп ноу“.

Најнови вести