Корисничко име Лозинка Пријави се
31.3.2014

Настрада навивач, хулиганите дивееја во Шведска

Еден 44-годишен навивач на Ѓургарден починал по судирот со навивачи на Хелсингборг, пренесоа шведските медиуми.

Како што е соопштено од локалната полиција, несреќниот навивач настрадал во пресметка со хулиганите во јужниот дел на градот.
Кога се дознало дека починал, дошло до нереди на трибините, па дуелот од првото коло на новиот шампионат бил прекинат во 41-вата минута, при резултат 1-1.
Според медиумите, штом се дознало за трагичниот случај на трибините, почнале и нереди на стадионот.
Навивачите на Ѓургарден слегле на теренот, но полицијата брзо ги принудила да се вратат назад на трибините, а потоа било утврдено дека не е возможно да продолжи натпреварот.
Според изјавата од страна на полицијата, човекот во 14.30 часот по локално време бил пронајден во центарот на Хелсингборг со сериозна повреда на главата, па потоа бил префрлен во болница, каде што подоцна починал.