Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2014

Хенрик Ларсон го презеде Хелсингборг

Легендарниот шведски фудбалер Хенрик Ларсон е поставен за тренер на прволигашот Хелсингборг, соопшти клубот.

Ларсон има 43 години, а тренерската кариера ја почна во Шведска по завршувањето на играчката кариера во 2009 година. Последен клуб што го водеше беше новиот прволигаш Фалкенберг.
Ларсон кариерата ја заврши токму во Хелсингборг. Пред тоа играше за Барселона, Селтик и Феенорд. Во текот на 2007 година три месеци одигра во Манчестер јунајтед.
Хелсингборг во 2011 година ја освои шампионската титула во Шведска, но потоа највисок пласман му беше петтото место. Минатата сезона беше деветти.