Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2013

Хенрик Ларсон нов тренер на Фалкенберг

Хенрик Ларсон, 42-годишниот поранешен напаѓач на Селтик, Барселона и на шведската фудбалска репрезентација, именуван е за нов тренер на шведскиот прволигаш Фалкенберг.

Ханс Еклунд, тренерот кој го доведе Фалкенберг до првата лига, премина во Калмар и со тоа остави празен простор за Ларсон, кој потпиша едногодишен договор.
По завршувањето на одличната играчка кариера, во која освен за Селтик и Барселона играше и за Хелсингборг, Феенорд и Манчестер јунајтед, Ларсон беше тренер на Ландскрона меѓу 2010 и 2012 година, а работеше и како помошен тренер во клубот во кого ја почна кариерата, Хегаборг.
„Во тешки времиња се гледа колку сте добри. Секако дека пред нас е тешка задача. Но имате два избора. Или да се откажете или да го работите тоа што морате. Ние одбравме да продолжиме и да веруваме во она што го работиме“, изјави Ларсон, добитник на Златна копачка за најдобар европски стрелец во 2001 година.