Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2016

Хелсингборг испадна, Ларсон поднесе оставка

Хенрик Ларсон, досегашниот тренер на фудбалерите на Хелсингборг, поднесе оставка на таа функција откако шведскиот клуб испадна во понизок ранг на натпреварување.

Поранешниот напаѓач на Селтик, Барселона и Манчестер јунајтед одлучил да ја напушти клупата на Хелсингборг по состанокот со управата на клубот.
Ларсон се откажа од сите примања коишто му следуваа по раскинувањето на договорот за да му помогне на клубот во што подобра финансиска ситуација да ја дочека следната сезона, во која ќе се бори за враќање во највисокиот ранг на натпреварување.
Хелсингборг минатиот викенд изгуби од Халмштад со 2-1 во натпреварот за опстанок во првата лига.
Тој пораз значеше испаѓање во втората лига на шведскиот шампионат прв пат по 23 години, што предизвика бес кај навивачите, коишто по натпреварот го нападнале синот на Хенрик Ларсон, Џордан.