Корисничко име Лозинка Пријави се
15.10.2014

Прекин во Белград, одлуката за натпреварот во рацете на УЕФА

Како ќе биде регистриран прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија, ќе одлучи Европската фудбалска унија, но не се знае кога.

Натпреварот, кој требаше да биде одигран во квалификациите за Европското првенство 2016 година, е прекинат во 41-вата минута, откако над теренот прелета летало кое носеше знаме со политичка порака, по што настана општ метеж на теренот и тепачката во која се вклучија и навивачите.
Наместо селекторите, на конференцијата за медиумите по конечната одлука на судиите за прекинување на натпреварот се појави делегатот Хари Бин, кој изјави дека сега сè е во рацете на Дисциплинската комисија.
„Ќе бидам многу краток, жал ни е за сè што се случи. Натпреварот е прекинат, а околностите беа такви што натпреварот не можеше да биде продолжен. Тоа и самите го видовте. Сите видовте и што се случи. Не можеме никого да обвинуваме, ниту да донесуваме некаков суд, кој е крив, а кој не е одлуката ќе ја донесе Дисциплинската комисија на УЕФА. По сето тоа што се случи, специјалниот набљудувач и јас ќе испратиме извештај до европската куќа на фудбалот, во чии раце се понатамошните потези“, изјави Бин.
Бин сепак даде дозвола натпреварот да продолжи, но албанските фудбалери беа тие коишто не сакале да излезат на теренот и на испразнет стадион.


Најнови вести