Корисничко име Лозинка Пријави се
18.10.2014

Лацио: Заедништво на Србите и Албанците

Италијанскиот калчолигаш Лацио објави заедничка фотографија на српските и албанските фудбалери кои ги бранат боите на римскиот клуб.

Фотографијата е објавена на три дена по прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија во квалификациите за Европското првенство 2016 година.
За клупската страница на „фејсбук“ позираа држејќи се за раце Србите Филип Ѓорѓевиќ и Душан Баста и Албанците Ерит Бериша, Томас Стракоша и Лорик Цана, а клубот од Рим фотографијата ја нарече „Заедништво“. 
Освен Баста, останатите четири фудбалери на Лацио беа актери во прекинатиот натпревар во Белград, а Цана беше капитен на албанската репрезентација.
Средбата беше прекината при резултат 0-0, а УЕФА покрена истрага против двете федерации. Одлуката за епилогот на натпреварот и евентуални казни ќе ја донесе тричлена комисија на 23 октомври.

Најнови вести