Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2014

УЕФА: Службена победа за Србија, па одземени три бода

Дисциплинската комисија на УЕФА го регистрираше прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија со службена победа на Србија од 3-0, но трите бода ѝ ги одзема поради слабата организација на средбата.

Покрај оваа одлука, одредена е и казна за Фудбалскиот сојуз на Србија за два натпревари на домашен терен пред празни трибини.
И српскиот и албанскиот фудбалски сојуз ќе мораат да платат и казна од 100.000 евра.
Писменото образложение на донесените одлуки ќе биде доставено до двата сојузи во следните денови, по што има рок од три дена за жалба.
Да потсетиме, натпреварот меѓу двете репрезентации беше прекинат пред крајот на првото полувреме откако теренот го надлета летало кое носеше знаме со политичка порака, по што настана мешаница и публиката влета на теренот.

Најнови вести