Корисничко име Лозинка Пријави се
06.11.2014

Прекинато дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје

Дерби-натпреварот меѓу Работнички и МЗТ Скопје беше прекинат пред крајот на третата четвртина, кога домашниот тим беше во водство од 51-36.

На средбата не беше забележан некој посериозен инцидент, но и покрај тоа, дуелот меѓу Работнички и МЗТ не беше завршен.
Кога Работнички водеше со 51-36, тројцата судии се повлекоа од теренот, го прекинаа натпреварот и побараа да се испразнат трибините.
Причина за тоа е дека наводно од трибините каде што се наоѓале навивачите на Работнички биле фрлани разни предмети кон судиите.
Домашните играчи беа револтирани од барањето на судиите да се испразни салата, па одлучија да не излезат на теренот и натпреварот да не биде одигран до крај.
Според пропозициите на КФМ, мечот ќе биде регистриран со победа на МЗТ Скопје, а Работнички ќе остане без бодот кој се впишува за пораз.

Најнови вести