Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2014

Николиќ го менува Стефанов на клупата на МЗТ, Работнички пратен во Трета лига

Врбица Стефанов ја напушти клупата на МЗТ Скопје, а неговото место најверојатно ќе го заземе Мирослав Николиќ-Мута, додека на денешниот натпревар против Партизан во АБА лигата клубот ќе го предводи Боби Митев.

По прекинатото дерби со Работнички, Врбица Стефанов, поднесе оставка на функцијата во клубот од Аеродром. 
Се очекува довчерашниот тренер на Раднички Крагуевац, Мирослав Николиќ да биде назначен за нов тренер во најскоро време, а на денешното гостување на МЗТ Скопје во Белград на клупата ќе биде Боби Митев кој му беше асистент на Врбица Стефанов.
Ова е втора тренерска смена кај македонскиот шампион, откако Змаго Сагадин по стартот на сезоната ја прекина соработката со МЗТ Скопје.
По прекинот на градското дерби, комесарот за натпревари на Македонската Кошаркарска Федерација одлучи Работнички да биде исфрлен во Третата лига поради самоволно напуштање на теренот, а натпреварот е регистриран со резултат 20-0 за МЗТ Скопје, иако по три четвртини Работнички водеше со 51-35.
Работнички ќе се жали на оваа одлука.


Најнови вести