Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2011

Борусија Дортмунд без Бендер против Хановер

Играчот на Борусија од Дортмунд Свен Бендер поради повреда на колкот нема да игра на натпреварот од шестото коло во Бундеслигата.

Тој доби удар во натпреварот со Арсенал, во првото коло на Лигата на шампионите, кој заврши нерешено 1-1.
Борусија во недела гостува кај Хановер, кој има осум бодови од претходните пет меча.
Актуелниот шампион на Германија се наоѓа на 11-тото место, со еден бод помалку.
Маркус Браун, клупскиот доктор на Борусија, кажа дека Бендер по паузата ќе му биде на располагање на тренерот Јирген Клоп за натпреварот од седмото коло против Мајнц.
Покрај на Бендер, Клоп во недела нема да може да смета на Себастијан Кел и на Марио Гетце, кои се суспендирани.

Најнови вести