Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2015

Икарди ќе добие бонус ако го престигне Тевес

Мауро Икарди, контроверзниот центарфор на Интер, сè уште нема потпишано нов договор со „нераѕурите“, а управата на клубот од Милано прави сè за да го одоброволи.

Од Интер му подготвија и бонус од 400.000 евра во случај да биде најдобар стрелец на Серија А.
Како што пренесува „Газета дело спорт“, Икарди, кој моментно заработува помалку од милион евра годишно, од Интер има понуда од 2,7 милиони евра за продолжување на соработката. Но, 22-годишниот напаѓач бара 3,5 милиони, па се премислува, пред сè поради големите понуди од Англија.
Икарди минатиот викенд го постигна победоносниот гол во триумфот со 2-1 против Рома, што е негов 17-ти погодок оваа сезона во Серија А.
Доколку во преостанатите шест кола во Калчо лигата го престигне Карлос Тевес (18 голови) на врвот на листата на стрелците, ќе добие неочекуван бонус.

Најнови вести