Корисничко име Лозинка Пријави се
09.6.2015

Џексон Мартинез на чекор до Милан

Џексон Мартинез, фудбалерот на Порто и најдобриот стрелец на португалската лига, е блиску до трансфер во Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што дознава познатиот италијански новинар Џанлука ди Марцио на својата интернет-страница, Адријано Галијани, потпретседателот на Милан, отпатувал во Португалија со намера да го доведе напаѓачот на „Сан Сиро“ и се чини дека договорот е на повидок.
Излезната клаузула за колумбискиот напаѓач изнесува 35 милиони евра, а Порто како замена за него сака да го доведе Федерико Сантандер од парагвајскиот Гуарани, а неодамна го доведе и Алберто Буено од Рајо Валјекано.
Претходно, за Мартинез беше заинтересиран и Арсенал, но сега е блиску до трансфер во италијанскиот клуб.
Мартинез оваа сезона постигна 21 гол во Примеира лигата, а уште 11 во сите натпреварувања.
За репрезентацијата на Колумбија настапи 36 пати и постигна десет голови.

Најнови вести