Корисничко име Лозинка Пријави се
18.6.2015

Официјално: Ричардс во Астон вила

По десетте години во Манчестер сити, Мајка Ричардс се сели во Астон вила, со која ќе потпише четиригодишен договор.

Тој официјално ќе стане член на екипата од Бирмингам на први јули, откако ќе му истече договорот со „граѓаните“.
Ричардс одигра 245 натпревари за Манчестер сити, а минатата сезона ја помина на заем во Фиорентина.
Овој 26-годишен дефанзивен играч има и 13 настапи за репрезентацијата на Англија.
„Среќен сум што доаѓа Ричардс и сигурен сум дека ќе се покаже како големо засилување за клубот“, изјави Тим Шервуд, менаџерот на тимот од Бирмингем.

Најнови вести