Корисничко име Лозинка Пријави се
01.7.2015

Даглас Коста и официјално во Баерн

Бразилецот Даглас Коста премина во Баерн Минхен од Шахтар Донецк во трансфер вреден 30 милиони евра, соопшти украинскиот клуб.

Како што е соопштено на официјалниот сајт на Шахтар, двата клуба се согласиле околу деталите на договорот, како и тоа дека Коста ги договорил сите услови на соработката.
Дваесет и петгодишниот офанзивен фудбалер за Шахтар настапуваше од 2010 година и на 196 натпревари постигна 37 голови.
Коста претходно играше и за Гремио од 2008 до 2010 година, а за бразилската репрезентација од 2014 година има девет настапи и еден гол.
Останува да се види дали трансферот на Бразилецот има врска со најавата на Франк Рибери дека ќе ја заврши кариерата.
Освен Баерн Минхен за неговите услуги беа заинтересирани Барселона, Челзи, Манчестер јунајтед, Милан и Монако.

Најнови вести