Корисничко име Лозинка Пријави се
29.7.2015

Лига на шампиони: Нула на Босфорот, пресврт на Панатинаикос

Дерби-натпреварот од третото коло во квалификациите за Лигата на шампионот меѓу Фенербахче и Шахтар е завршен без голови.

Двата тима имаа добри шанси во Истанбул, посебно Украинците, но Волкан Демирел и Пјатов ги сочуваа своите мрежи.
Од друга страна, Панатинаикос го совлада Клуб Бриж со 2-1 по пресвртот со играч помалку во Атина, додека Монако славеше со 3-1 кај Јанг бојс.
Фенербахче и Шахтар одиграа интересен и квалитетен натпревар на Босфор, но гледачите беа лишени од голови. Двата тима од првата до последната минута бараа победа, имаа по неколку одлични шанси, но лесно ги пропуштаа.
Клуб Бриж пропушти голема шанса да слави во Атина и одработи половина од работата на патот кон Лигата на шампионите
На чекор од плејоф-рундата на квалификациите е францускиот Монако. „Кнезовите“ стекнаа предност од два гола против Јанг бојс. Немаше голови во Берн до последните 25 минути, а потоа беа постигнати четири во рок од десет минути.
Вчера беа одиграни вкупно девет натпревари од третото коло на квалификациите за Лигата на шампионите.

Лига на шампиони, трето коло од квалификациите:

ЦСКА Москва – Спарта Прага 2-2 (1-1)
Митјиланд – АПОЕЛ 1-2 (0-2)
Милсами – Скендербег 0-2 (0-0)
Макаби ТА – Викторија 1-2 (0-2)
Панатинаикос – Клуб Бриж 2-1 (1-1)
Јанг бојс – Монако 1-3 (0-0)
Динамо Загреб – Молде 1-1 (1-1)
Видеотон – БАТЕ Борисов 1-1 (0-0)
Фенербахче – Шахтар Донецк 0-0

Најнови вести