Корисничко име Лозинка Пријави се
21.8.2015

Борусија од 0-3 до 4-3, Жилина го изненади Билбао

Фудбалерите на Борусија направија голем пресврт против норвешкиот Од и со тоа ги обележаа првите натпревари на плејофот за Лигата на Европа.

Избраниците на Томас Тухел го примија вториот најбрз гол во историјата на натпреварувањето, во еден момент губеа со 3-0, но на крајот славеа на гостувањето со 4-3. Конечниот резултат за целосен пресврт на Борусија го постигна Хенрих Мхитарјан во 85-тата минута, и со тоа спречи големо изненадување.
Едно од најголемите изненадувања го подготви Жилина со победата над Атлетик Билбао со 3-2 на свој терен, и тоа откако освојувачот на Суперкупот на Шпанија водеше со 2-0.
Изненадување е и триумфот на романската Астра над АЗ Алкмар со 3-2, а така може да се окарактеризира и победата на Розенборг над Стеауа во Букурешт со 3-0. Според тоа како игра Саутхемптон од почетокот на сезоната, тоа што одигра 1-1 со Митјиланд не е никакво изненадување.
Бордо со минимален резултат го победи Кајрат, кој во првото коло од квалификациите ја исфрли Црвена ѕвезда, додека Карабаг го шокираше Јанг бојс со 1-0 во Берн.
Најубедлив триумф оствари ПАОК против Брондби со 5-0, а најмногу голови, покрај дуелот во Норвешка, беа видени во победата на Краснодар над Хелсинки со 5-1. Интересно е тоа што рускиот клуб првиот гол го постигна во 61-вата минута за 4-1, бидејќи двата од првите три гола беа постигнати од пенал, а првиот беше автогол.
Триумф во гости забележаа и Легија, Фенербахче и Белененсеш, од по 1-0, а од нив се очекува да одиграат многу подобро на свој терен во реваншот.
Сите реванш-натпревари на плејофот за Лигата на Европа се играат наредниот четврток.

Лига на Европа, плејоф, први натпревари:

Астра – АЗ Алкмар 3-2
Динамо Минск – Салцбург 2-0
Кабала – Панатинаикос 0-0
Ајакс – Јаблонец 1-0
Краснодар – Хелсинки 5-1
Слован Либерец – Хајдук Сплит 1-0
Молде – Стандард Лиеж 2-0
ПАОК – Брондби 5-0
Спарта Прага – Тун 3-1
Зорја – Легија 0-1
Милсами – Сент Етјен 1-1
Работнички – Рубин Казањ 1-1
Стеауа – Розенборг 0-3
Јанг бојс - Карабаг 0-1
Жилина – Атлетик Билбао 3-2
Алтах – Белененсеш 0-1
Бордо – Кајрат 1-0
Од – Борусија Дортмунд 3-4
Викторија П’лзењ – Војводина 3-0
Лех Познањ – Видеотон 3-0
Саутхемптон – Митјиланд 1-1

Најнови вести