Корисничко име Лозинка Пријави се
16.9.2015

Ван Хал: Секогаш сме доминантни, но...

Луис ван Хал, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека неговиот тим самиот е виновен за поразот од ПСВ (2-1) на стартот на Лигата на шампионите.

Создадовме многу шанси, ние сме единствените виновници за поразот. По Тотенхем, реков дека мора да се постигне еден гол повеќе од противникот, а ПСВ беше ефикасен, даваше голови од ништо – од корнер и одбиена топка, потоа гол по лошо додавање“, изјави холандскиот стручњак.
„Бевме доминантни во секој натпревар што го игравме оваа сезона, освен во оној со ПСЖ во подготовките. Бевме супериорни и создадовме повеќе шанси, но изгубивме. Водевме со 1-0, да дадевме и втор гол, натпреварот ќе беше решен“, додаде Ван Хал.
Освен поразот, натпреварот го обележа и тешката повреда на Лук Шоу.
„Не сум лекар и не можам да кажам, но кога ќе се скрши ногата на две места, тоа е пауза од четири до шест месеци. Сепак, никогаш не можеме да знаеме со сигурност. Се надевам дека ова не е крај на сезоната за него“, изјави Ван Хал.

Најнови вести