Корисничко име Лозинка Пријави се
24.10.2015

Шола Амеоби во Болтон

Досегашниот фудбалер на Кристал Палас, Шола Амеоби, е нов фудбалер на Болтон, потврди англискиот второлигаш.

Нигерискиот напаѓач со Болтон потпиша краткорочен договор, а во кариерата настапуваше за Њукасл, Стоук и Газијантеп.
Најголема трага остави во Њукасл каде настапуваше 14 сезони - за тимот од „Сент Џејмс парк“ одигра 397 натпревари и постигна 79 голови.
Со Њукасл го освои Интертото купот и титулата во Шампионат лигата.
Амеоби ги помина младите селекции на репрезентацијата на Англија, но сепак заигра за националната селекција на Нигерија за која досега има 10 настапи и два гола.
Болтон моментно е на последното место во англискиот Шампионат со осум бода по 12 одиграни натпревари, девет постигнати и 19 примени голови.

Најнови вести