Корисничко име Лозинка Пријави се
07.10.2011

Блан ги повика Сисе и Гоми

Лоран Блан, селекторот на Франција, има проблеми со повредените фудбалери, па за клучните натпревари од квалификацискиот циклус ги повика Џибрил Сисе и Бафетимби Гоми, на местото на Франк Рибери и Карим Бензема, кои се повредени.

Поради скршената нога Бакари Сања, исто така, нема да биде во тимот, а меѓу повредените се најдоа и Кевин Гамеиро и Блез Матуиди, а неизвесен е и Ерик Абидал.

Сисе и Гоми имаат настапи за Франција, но веќе подолго време не се во првиот тим. Сисе последен пат го носеше дресот на „триколорите“ на Светското првенство во 2010 година, додека Гоми пред две години.

Франција денеска ја очекува дуел со Албанија и четири дена подоцна против Босна и Херцеговина, која им е најголем ривал за освојување на првото место во групата, заостанува само еден бод.

Најнови вести