Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2015

Манчестер јунајтед без напаѓач во Ватфорд

Манчестер јунајтед ќе биде ослабен во Ватфорд со отсуството на тандемот Руни - Марсијал.

Главните адути на Луис ван Хал во нападот се во групата од шестмина играчи кои ќе го пропуштат денешниот натпревар.
Додека Руни е болен, Марсијал се повреди на гостувањето на Франција во Лондон во вторникот. Покрај тоа, и третиот напаѓач Џејмс Вилсон не е спремен да ги одигра сите 90 минути, па Ван Хал од напаѓачите може да смета само на крилото Мемфис Депај, кој е надвор од форма.
Мајкл Карик се повреди неколку дена порано во мечот меѓу Англија и Шпанија, а од порано на теренот не се Маруан Фелаини, Антонио Валенсија и Лук Шоу.
Од другата страна , главниот ред може да смета на Бастијан Швајнштајгер и Морган Шнедерлен кои играа во петокот вечерта на „Сен Дени“ во Париз, кога се случија терористичките напади.
Јунајтед е четврти во Премиер лигата со 24 бодови од 12 натпревари, а заостанува со два зад лидерите Манчестер сити и Арсенал.

Најнови вести