Корисничко име Лозинка Пријави се
04.12.2015

Јунајтед еден месец без левиот бек Рохо

Дефанзивниот играч на Манчестер јунајтед, Маркос Рохо, ќе паузира четири недели поради повреда, пренесуваат британски медиуми.

Рохо го повреди рамото на тренинг, но нема да мора да биде опериран.
Се работи за истата повреда со која Аргентинецот минатата сезона се здоби на натпреварот со Манчестер сити во Премиер лигата.
По повредата на Лук Шоу и Маркос Рохо, менаџерот на Манчестер јунајтед, Луис ван Хал, најверојатно на местото на левиот бек во следниот период ќе го користи Дејли Блинд или пак Ешли Јанг.

Најнови вести