Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2015

Мело казнет со три натпревари

Фудбалерот на Интер, Фелипе Мело, е суспендиран на три натпревари во Серија А поради сериозниот прекршок над фудбалерот на Лацио, Лукас Билја.

Бразилскиот фудбалер доби директен црвен картон поради инцидентот во 90-тата минута на натпреварот во кој неговиот клуб загуби со 2-1.
Мело неколку минути пред тоа имаше и пенал над српскиот фудбалер Сергеј Милинковиќ-Савиќ по кој Лацио го постигна победничкиот погодок.
„За жал, Мело направи две глупави работи“, изјави тренерот на Интер, Роберто Манчини за италијанските медиуми.
Мело поради оваа казна нема да може да игра на натпреварите со Емполи, Сасуоло и Аталанта.

Најнови вести