Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2016

Зидан: Не сум разочаран од ремито

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не е разочаран со неочекуваниот нерешен резултат со Бетис.

„Кралскиот клуб“ одигра само 1-1 во Севилја испуштајќи ја шансата да го искористи ремито на градскиот ривал и лидерот на Примера, Атлетико.
„Не очекував овде да испуштиме два поени, но тоа е фудбалот. Не сум разочаран, немам што да им замерам на играчите поради играта. Бетис постигна спектакуларен гол, имаа одлична поддршка од навивачите, видовме одличен тим“, изјави Зидан.
Реал е и понатаму трет на табелата со четири бодови заостанување зад Барселона и Атлетико, со тоа што Каталонците имаат и натпревар помалку.
„Испуштивме два бода, што е негативно, но мислам дека ова можеме да го исправиме подоцна. Одиме во добар правец, а мораме да ја гледаме и позитивната страна. Физички бевме многу подобри од порано, посебно во финишот, горд сум на ова што го сторивме вечерва“, додаде Зидан.
Реал во 22-то коло го дочекува Еспањол, додека пак Атлетико ќе ѝ гостува на Барселона.

Најнови вести